Заев: Не се каам што го потпишав Договорот

Претседателот на македонската влада во интервјуто за телевизија Сител рече дека не се кае што го потпишал договорот за промена на уставното име на Република Македонија, напротив, да треба, повторно би го сторил истото..

Во врска со незадоволството на оние кои протестираат, на опозицијата, на граѓаните од дијаспората и дали доколку се врати назад повторно би го прифатил Договорот, Заев одговори дека Македонија 27 години се обидувала да се реши прашањето и оти од таа гледна точка сега конечно е направен обид да се затвори прашањето.

Ќе имаме држава признанеа од сите, народ, кој никој повеќе не го спори, македонски јазик признаен од сите, нешто за што се бореле нашите татковци, дедовци и прадедовци. Конечно немаме билатерално прашање отворено со никој, вели тој и додава дека е мала бројката на оние граѓани кои се противат, а опозицијата која не го прифаќа ова решение не нуди никаква алтернатива -рече Заев.

Да, би потпишал ако добијам друга шанса. Апсолутно немам покајание за ништо, рече Заев.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top