Заев: Не сме разговарале со ДПА за Владата

ДПА никој не ја повикал да биде дел од Владата и покрај тоа што премиерот Зоран Заев постојано изјавува дека коалицијата која тој ја предводи е отворена за соработка со сите политички субјекти и независни пратеници.

Заев најави дека наскоро ќе се знаат и новите имиња кои ќе ги пополнат испразнетите места во владата.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вчера ги разјасни сите дилеми околу можното излегување на Алијансата од владата. Тој рече дека името на министерот за здравство лично ќе му го соопшти на премиерот Зоран Заев.

„Ние во моментот додека зборуваме сме дел од владата. Единствениот политички актер во владата кој не сака Алијанса за Албанците да го гледа таму, за да не биде дел од владината коалиција е ДУИ и Али Ахмети. Ова постојано го кажуваа во текот на кампањата, па дури имаше и констатации дека Алијанса за Албанците веќе е излезена од владата“. – изјави Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците

Од ДПА и понатаму молчат, а според неофицијалните информации, Мендух Тачи бара најмалку две министерства за да биде дел од парламентарното мнозинство. Од Движењето Беса велат дека ќе ги разгледаат сите евентуални можности за да бидат дел од парламентарното мнозинство, доколку станува збор за напредување на Македонија кон членството во НАТО и ЕУ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top