Заев: Немаме правено комбинации за нова влада

Премиерот Зоран Заев изјави дека во моментов не планира никаква реконструкција на Владата или евентуални промени на коалиционите партнери.

Сепак, тој нагласи дека сите опции се отворени. Неговата изјава се однесува на информациите во јавноста, според кои, Алијансата за Албанците ќе ја напушти Владата, а на нејзино место ќе влезе ДПА на Мендух Тачи.

– Една од алтернативите е и ДПА да биде составен дел на Владата. Важно е програмата да биде прифатена, дали стојат зад проектите кои сме ги ветиле пред граѓаните, заедно да ги реализираме. Досега немаме седнато на маса да правиме комбинации за нова влада, промени на влада или слично. 

Секако, локалните избори се многу важни, општините се многу важни и нема да е за чудо тоа ако предизвика одредени промени, но нема да е за чудо ако останат исти позиции. Ние сме подготвени секако градиме пријателство со сите, рече Заев.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top