Заев: Ни требаат сите гласови од Река

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Општина Карпош изјави дека на Пендаровски му се потребни гласовите од претседателскиот кандидат Блерим Река, кој испадна во првиот круг од претседателските избори..

– Ни требаат гласовите од Река, да ни требаат сите. Ги покануваме да ни се придружат на концептот на единство. Да се придружиме сите на концептот што не носи рамо до рамо со современиот европски свет, нагласи Заев.

Истакна оти, народот знае дека допрва доаѓаат благодетите, наведувајќи дека чекорат по вистинскиот пат.

– Татковината повикува да излеземе сите заедно. Да гласаме за број три, рече лидерот на СДСМ на трибината во скопската Општина Карпош.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top