Заев: Никогаш не сме биле поблиску до решение со Грција, ама ако не го постигнеме, не е крај на светот

Македонија никогаш не била поблиску до постигнување решение за 25-годишниот спор со Грција околу името, но дури и да не успее да го реши, земјата ќе продолжи да се интегрира во Европа, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Франс прес..

„Верувам дека никогаш не сме имале подобри околности за постигнување целосно решение, кое ќе трае со векови, засекогаш. А ако спорот не се реши, нема да биде крај на светот”, изјави Заев. 

Тој додава дека Македонија ќе ја продолжи европската програма на овој или оној начин и дека „ќе ја донесеме Европа во Скопје”. 

Македонскиот премиер изјави и дека е задоволен што „голем дел од прашањата” меѓу Македонија и Грција се решени дека е оптимист за финалното решение, но одби да открие детали од преговорите, бидејќи „тоа може да го уништи целиот процес“.

Заев како „порака наза отворени врати” го гледа Извештајот на Европската комисија, но додаде дека тоа не значи дека Македонија не треба да ги подобрува односите со другите земји, вклучувајќи ја и Русија. 

„Сакам да ја подобриме соработката со Русија. Но, Русија треба да знае дека за нас нема алтернатива за НАТО и ЕУ. Ние ќе останеме фокусирани на тој пат. Тоа е наше апсолутно право, наше очекување и таму ја гледаме иднината на земјата и на нејзините граѓани”, изјави Заев за Франс прес. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top