Заев: Нови избори не ги решаваат работите, треба да се формира влада

Зоран Заев по средбата со Али Ахмети рече дека нови избори нема да ги решат работите, туку потребно е да се формира влада..

- Таман работа да останеме без Влада. Не ни теба тоа. Нови избори не ги решаваат работите. Ќе ги повториме резултатите. 

Влада треба да се формира. Треба да се формира влада секако таму каде што ќе се најдат решенијата за формирање на влада. 

Нашиот став, а и ставот на другите партии со коишто разговараме е дека сега нема причина да се размислува за предвремени избори. 

НАТО е завршена работа, одлука за преговорите имаме, меѓувладина конференција се закажува за почеток на отворање поглавја, ќе треба да работиме, а и да оставиме предвидливост и за економијата, за граѓаните и за сите, рече Заев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top