Заев: Партиите треба да се подготват за избори на 12 април

Опозицијата веќе неколку дена се спротивставува на оваа идеја на власта, не прифаќајќи промена на датумот за 12 април..

Премиерот Зоран Заев се надева дека ќе нема потреба да се одложува датумот на изборите и затоа ги повикува партиите да се подготват за 12 април, и да ја претстават својата понуда пред граѓаните што е можно поскоро. 

Сепак, сè уште остава отворена можноста за одложување, доколку се работи за големи државни интереси, како што е одобрувањето на целосниот договор за членство во НАТО, во парламентот.

Шпанија се очекува да биде последната земја што ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, но постапката би можела да биде комплицирана поради парламентарните избори што треба да се одржат во Шпанија на 10 ноември.

Расправата за конституирање на Собранието на Шпанија е закажана за 3 декември, но не е јасно кога ќе биде ставен на дневен ред протоколот за членство на Македонија. 

По ратификувањето на протоколот од страна на последната земја членка на НАТО, Собранието во Скопје треба да го одобри конечниот договор за членство во Алијансата.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top