Заев подготвен за ТВ-дуел со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев го предизвика опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на дебата..

Премиерот Зоран Заев вечерва истакна дека ТВ дуелот со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се случи кога ќе се подготви медиум, а како можност ја спомна ТВ Канал 5.

- Јас сум подготвен, тука сум, освен на 19 март кога патувам за Брисел заради презентацијата на успесите на нашата земја пред Советот за стабилизација и асоцијација, но тоа е само еден ден. Кој било друг ден сум тука и верувам дека на задоволство на граѓаните ќе има дуел каков што треба да има, рече премиерот Заев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top