Заев: Повеќе од две години сум бил прислушуван

Повеќе од две години Зоран Заев бил прислушуван како осомничен за поткуп кога бил градоначалник на Струмица..

Тајните разговори денеска беа пуштени во судница, без присуство на медиумите.  Заев кој е единствен обвинет во случајот, вели дека во посебните истражни мерки немало докази за мито.

„Јас знам дека вкупно со пм мерки е нешто повеќе од две години, а знам и дека истовремено можат согласно закон ако се работи за тероризам или загрозување на уставниот дел може да биде до година и три месеци, но оставам на правосудните дистанци да одлучуваат во делот на следењето Тоа што го знам е дека не ги броев сите разговори, дека се работи за преку 10 000, дел се со пм мерки, дел без, така да одговор може да даде СЈО.“ - изјави Зоран Заев.

Адвокатите на Заев бараат и сведокот Иван Николов и доказите кои беа прочитани да бидат изземени, бидејќи неговиот сограѓанин како агент провокатор бил инструиран да бара поткуп. За ова барање судот дополнително ќе се изјасни. Инаку, Николов како оштетен од кого струмичкиот градоначалник наводно барал мито сведочеше на минатото рочиште. Беше дециден дека Заев му барал прво по три, а потоа две евра од квадрат плус, едно за него и едно за црквата,  надвор од сумата за земјиштето кое сакал да го откупи. Но, Николов раскажа дека средбите во кабинетот на Заев ги снимал по претходни инструкции од МВР и надлежниот обвинител, откако веќе го пријавил случајот во полиција.

Судскиот процес  за наводниот поткуп од 160 000 евра се ближи кон крајот,  после две години откако почна и го обележаа бројни одложувања. В понеделник се најавува маратонско рочиште со слушање на останатите тајни разговори на Заев.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top