Заев прифати барања на Села за да ги поддржи уставните измени: Од преамбулата ќе се избрише зборот граѓани кои живеат во границите

Премиерот Зоран Заев може да смета на гласовите на Алијансата на Албанците во гласањето на финалната фаза за измени во Уставот откако прифати дел од нивните барања, информира порталот A1on.mk..

Алијансата ќе ги поддржи уставните измени затоа што Села и Заев договорија во преамбулата да се избрише зборот „граѓани кои живеат во границите“ и се набројуваат сите заедници.

БЕСА пак која исто така преговараше со премиерот Заев и уште се преговара бара да се прецизира дека државата не е моноетичка и во пасошите на припадниците на етничките заедници да не стои зборот „македонско“ во описот за државјанство, туку само да стои „граѓани на Република Северна Македонија“.

Според дел од медиумите, Зоран Заев се уште го нема обезбедно потребното мнозинство, а конечниот исход дали е тоа така ќе го видиме на 9 јануари кога и ќе се гласа во Собранието на Република Македонија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top