Заев: Разговорите ЕУ-Западен Балкан, историски момент

По повод „Денот на Европа“, премиерот Зоран Заев со порака до ЕУ: „Со Западниот Балкан ќе бидете поголема политичко-економска сила во светот“..

Заев уште еднаш порача дека граѓаните на земјава се определени за ЕУ поради вредностите во кои веруваат и ги практикуваат.

Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, зборувајќи на македонски јазик, уште еднаш порача дека треба да се продолжи со внатрешните реформи и со градење добрососедство.

Овие пораки Заев и Жбогар ги испратија од денешната манифестација во Штип, со која завршија активностите по повод 9 мај, Денот на Европа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top