Заев: Сакаме решение, но не по секоја цена

Премиерот повтори дека решението за името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни и тука нема дилеми..

Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евенуални уставни измени.

- Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраните иредентизмот. Во моментов се што правиме е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, територијални или какви било, дека Македонија нема иредентистички побуди. Македонија сака да гради пријателство, и од тој аспект, не гледам потреба за тоа, рече Заев.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top