Заев: СДСМ не ги признава резултатите од денешните нерегуларни избори

Тој побара да се формира техничка влада, која ќе организира нови претседателски и парламенарни избори.

СДСМ не ги признава резултатите од изборите, бидејќи на денешниот изборен ден имаше малверзации и измами, имаше многу притисоци, пред и за време на изборите, постојан бил притисок од власта кон гласачите, посебно во неколку општини, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција која почна во 19 часот. 

- СДСМ и здружената опозиција не го признаваат изборниот процес ниту за парламентарни избори, ниту за претседател на државата. Власта со Груевски покажа дека нема елементарна волја да спроведе демократски избори. Власта уште еднаш најдрско го узурпираше демократското право на граѓаните, со целосна системска контрола на гласачите во изборниот процес. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребија целиот државен систем во партиски интерес, со незапамтени притисоци врз јавната администрација - рече Заев.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top