Заев: СДСМ повеќе не е македонска партија

СДСМ повеќе не е македонска партија и поради тоа е фаворит на изборите, смета претседателот на социјалдемократите, Зоран Заев..

Тој во изјава денеска коментирајќи ги претстојните предизборни коалицирање во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12-ти април вели дека неговата партија сега е мултиетничката, како и етничкиот состав на државата.

„За прв пат ќе смогнеме сили да направиме предизборна коалиција со албански партии. Ние веќе не сме македонска политичка партија – ние сме мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, но таков ни е и етничкиот состав на државата. Сето тоа ни дава зџа право да бидеме фаворити на овие избори“, изјави Заев во Виница.

Изјавата на лидерот на СДСМ е во однос на најавите за формирање на предизборна коалиција со БЕСА и ДПА. Заев вели дека само што завршиле разговорите и усогласувањата со партиите кои се веќе дел од коалицијата предводена од СДСМ и најави дека во следните денови ќе се разговара и со нови партии со кои заедно би настапиле на вонредните избори.

Во јавноста формирањето на една ваква коалиција се толкува како обид да отстрани ДУИ од комбинација за составување на нова влада по изборите. Али Ахмети, претседателот на ДУИ, денеска не сакаше да ја коментира информацијата за ваквата коалиција велејќи дека не знае ништо околу формирање на таков сојуз.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top