Заев се поколеба, ја одложи „метлата“ за една недела

Премиерот Зоран Заев се поколеба и имињата на функционерите од вториот и третиот ешалон кој ќе подлежат на „метлата“ наместо да ги соопшти денеска, ќе ги објави следниот вторник..

Според најавите, по владината реконструкција и изгласувањето на новите министри во Собранието,  денес требаше да биде познати кои 20-тина директори од јавните претпријатија, дирекции, комисии, фондови и агенции ќе бидат заменети со други кадри.

Како што извести синоќа 24 Вести, Заев барал дополнително време за да размисли за кадровите промени во своите редови, но и се уште немао договор со коалициониот партнер ДУИ.

Неофицијално, Васко Ковачевски наместо директор на РЕК Битола треба да биде назначен за прв човек на АД ЕЛЕМ, а на негово место да дојде неговиот заменик и претседател на СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски. Гласините велат дека ќе има промени во раководствата на Македонија пат и Агенцијата за странски инвестиции.

Вчера генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, остваруваше средби со помалите коалициски партнери, од чии редови исто така доаѓаат прилично голем број на директори на централно и локално ниво.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top