Заев следната недела на средба со Маркел - нејзиното противење за брз датум била стара вест

Следната недела Заев на средба со Меркел, ќе бара поддршка за отворање на преговори. Информацијата за противењето на германската канцеларка за брз датум била стара, смета премиерот, а јуни или јули биле достижни месеци за добивање зелено светло од Европски.

– Ако некој заслужил да се вклучи во интеграциите на ЕУ, тоа е Република Северна Македонија . Тоа го кажуваат сите земји членки . Јас ги разбирам регионалните аспекти, овие денови се ногу важни. Наредната недела ќе имаме средба со Меркел – ние сме сериозни партнерски земји, Германија е стратешки партнер и верувам дека ќе се донесат позитивни одлуки, вели Заев.

Дека можеби Меркел ја менува насоката кон земјата, вчера беше критички нападната и во Бундестагот. Денеска пак, германскиот весник Зи Дојче Цајтунг повикувајќи се на свои неименувани извори потврди и објави дека канцеларката на Комисијата за европска политика на Бундестагот била јасна – Македонија да не се надева многу на датум за преговори оваа есен.

Во меѓувреме поддршка за отворање на преговарачкиот процес овие денови континуирано пристигнува од САД. По Палмер и Филип Рикер испрати порака.

Американскиот помошник државен секретар смета дека Северна Македонија со своите решителни и храбри решенија заслужила членство во НАТО и јасна европска перспектива, а со тоа и датум за влез во ЕУ ова лето.

Засега сите надежи се полагаат на Европскиот совет кој треба да ја донесе конечната политичка одлука. Првата шанса е на крајот на јуни, а втората – на 23 или 28 јули кога повторно се одржува Советот за општи прашања на ЕУ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top