Заев: Со нас поквалитетно здравство и лекови за граѓаните

Мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт во сите аптеки успешно ја спроведуваме, зајакнати се и контролите за да ги подобриме услугите..

Нема повеќе паника и страв кај граѓаните дека ќе останат без неопходните лекови од позитивната листа, сега тие им се достапни во било кој период месецот. Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

- Со оваа и со сите други мерки што ќе следуваат, како Влада остануваме посветени во изградба на достапен, квалитетен и долгорочно финансиски-одржлив систем на здравствена заштита, со посебна грижа за достоинствена здравствена професија со граѓаните во центарот на здравствениот систем.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top