Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул на која беше побарана негова асистенција и заложба МПЦ-ОА, да биде признаена како автокефална црква.

„Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот“, се вели во писмото на премиерот Заев до патријархот Вартоломеј.

Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на Земјата, цариградскиот патријарх.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top