Заев: Со преговорите со ЕУ обезбедивме иднина и извесност во ова тешко време

Заев го поздрави почнувањето на преговори за влез во ЕУ, и додаде дека ќе тоа ќе биде од значителна помош за Македонија во овие тешки времиња..

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното гостување во емисијата Утрински брифинг упати честитка до граѓаните и до сите институции, кои покажаа доблест за 2,5 години да ги спроведат реформите и светот тоа да го препознае и да станеме полноправна членка на НАТО и да добиеме безусловен почеток на преговорите со ЕУ.

Одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за безусловно почнување на преговори доаѓа во тешка состојба, но треба да се радуваме, зашто и радоста е лек, обезбедивме извесност и иднина за нашата земја и за нашите деца, носејќи тешки и храбри одлуки истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top