Заев: Станавме 30 членка на НАТО, вредеше се што направивме!

Тој истакна дека станувањето на 30 земја членка на НАТО со себе носи бројни придобивки, како дел од колективното пристапување во најсилниот, најмоќниот воен сојуз на светот..

НАТО е наша стратешка определба од независноста на државата, безбедноста и сигурноста се важни работи, не само заради животите и здравјето на луѓето, туку и заради предвидливоста, економијата, инвестициите и слично. 

Секако дека вредеше се што се направи, но овие денови со оглед на ситуацијата неможевме ниту да се израдуваме на овој голем успех, посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на емисијата 360 степени на ТВ Алсат.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top