Заев во Брисел на средби со Јункер, Тајани, Могерини и Хан

Премиерот Зоран Заев престојува во дводневна работна посета на Брисел, каде, како што е најавено, денеска ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, со Тајани, со Федерика Могерини и со Јоханес Хан.

„Со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан уште еднаш ќе ги потврдиме нашите партнерски односи на патот на исполнување на стратешката цел Република Македонија да стане членка на ЕУ“, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top