Захарова: Москва подготвена за соработка со Германија за случајот Навални

Москва е подготвена да соработува со Берлин 24 часа на ден во ситуацијата со Алексеј Навални, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова..

„Ние сме подготвени 24 часа на ден за соработка со германската страна. Би сакалa да потсетам дека, кога рускиот амбасадор беше во германското Министерство за надворешни работи, тој праша дали има некои специфични податоци што руската страна може да ги добие за анализа за целите на истрагата. Ништо не му беше предадено. Ситуацијата е иста и денес “, изјави Захарова за телевизија „Русија 24 “.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top