Захарова: Со создавањето на Војска на Косово се прекршува меѓународното право

Ако Силите за безбедност на Косово бидат трансформирани во Војска на Косово ќе биде прекршено меѓународното право, бидејќи тоа и противречи на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, изјави денеска Марија Захарова..

Захарова истакна дека косовските власти со години алудираат на создавање на Војска на Косово, напоменувајќи дека се обидуваат да го направат тоа без уставни амндмани, додека српските пратеници во косовскиот Парламент тоа не го одобруваат.

– Претпоставуваме дека прашањето лежи на сосема друго ниво. Од клучно значење е тоа што таквото дејство само по себе претставува кршење на меѓународното право бидејќи и противречи на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, нагласи Захарова, прецизирајќи дека единственото „присуство на сила“ што оваа резолуција го предвидува е мисијата на КФОР, што во моментов се состои главно од контингенти на НАТО.

Захарова потенцираше дека формирањето на Војска на Косово би претставувало крајно неодговорен чекор, од гледна точка на безбедноста во регионот како и во цела Европа.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top