Заканувачка порака од Иран: Нашата младина ќе сведочи на пропаста на Израел и Америка!

Иранската младина ќе биде сведок на пропаѓањето на Израел и на американската цивилизација, порача во средата иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи..

„Вие млади луѓе би требало да верувате дека ќе бидете сведоци на пропаста на непријателите на човештвото, што значи на дегенираната американска цивилизација, и пропаста на Израел“, рекол ајатолахот Хамнеи на средбата со студентите, според објавата на неговата интернет страница.

Притоа Хамнеи не влегол во поединости. Врховниот ирански водач минатата седмица, во едно од своите седмични јавни обраќања, рече дека нема да има војна со САД и покрај заканите и големата концентрација на американски сили во регионот на Персискиот залив.

Вашингтон пред две седмици во водите на Блискиот исток го распореди воениот брод „USS Arlington“ со противоздушниот ракетен систем „Patriot“ на Блискиот исток. Во Перискиот залив и во блиските води се распоредени досега седум бродови кои се опремени со овој ракетен систем. Новата борбена група е испратена со седмици пред предвидениот рок, слично како и групата на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ кој е испратен во истиот регион минатиот викенд, а што треба да претставува јасна порака за Иран. Во американската воена база во Катар пристигнаа и бомбардерите „B-52“, објави централната американски команда CENTCOM, објаснувајќи ги потегот како одговор на наводните закани од Иран.

Во средата заменикот командант на Гардата, Али Фадави, рече дека вооружените сили на Иран целосно ги контролираат активносите на американските воени бродови на Блискиот исток.

„Военит бродови, кои се наоѓаа во водите на Персискиот залив, се наоѓаат под потполна контрола на военопоморските сили на Револуционерната гарда и на армијата, и воопшто не треба да има грижи за тоа“, го цитира Фадави новинската агенција на иранската армија Fars.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top