Закерберг на сослушување во Сенатот, но малку надеж за акција

Главна мисија на генералниот директор на Фејсбук, за време на неговото сослушување од американските законодавци во вторник и среда ќе биде да се одбрани од повиците да се регулираат интернет-компаниите..

Сепак, изгледите за нови закони кои би го ограничиле Фејсбук и другите интернет компании се крајно неверојатни не само поради недостатокот на политичка волја и ефикасното лобирање на технолошките компании, туку затоа што само малку пратеници сакаат да се справат со комплексноста на техничките прашања.

Закерберг на заедничко сослушување треба да сведочи пред Комитетот за трговија и Правосудните комитети.

Тој се соочува со комбиниран скандал, поради начинот на кој Русија го користела Фејсбук да шири политичка пропаганда за време на претседателските избори во 2016 година и поради тоа како Фејсбук не знаел дека политичката консултантска компанија Кембриџ Аналитика неправедно собрала лични податоци на околу 87 милиони корисници на Фејсбук, повеќето од нив Американци, пренесе Ројтерс.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top