Закон за јазици; се уште не се формирани работните групи

Власта нема методологија за примена на Законот за употреба на јазиците во правосудството, по препораките на Венецијанската комисија..

Премиерот Зоран Заев сè уште не ги започнал преговорите со коалициските партнери за формирање работни групи кои ќе препорачаат како да се спроведува законот. 

Во моментов, препораките ги разгледуваат правни експерти во Владата.

Додека власта бара методологија, претседателот на Судскиот совет, Кире Здравев, вели дека употребата на албанскиот јазик во судството би ги одолговлекувало процедурите. Здравев не коментира за измените на законите со двотретинско гласање кои ги најавува владата.

Венецијанската комисија препорача да се суспендира употребата на албанскиот јазик во судството затоа што тоа може значително да го забави функционирањето на целата сфера доведувајќи го во опасност правото за фер и брзо судење. 

За препораките, коалициските партнери СДСМ и ДУИ имаа различни ставови. 

Од партијата на Заев најавија промени во законот за јазици, но од партијата на Али Ахмети побараа да се изградат капацитети во судството за негово спроведување. 

Пред неколку дена, двете партии соопштија дека се согласиле дека имплементацијата на албанскиот јазик треба да се изврши во рамките на преодните одредби во законот кои им овозможуваат на властите да го употребуваат  јазикот во согласност со градењето на потребните капацитети.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top