Законите за образование први на дневен ред во Собрание

Измените на законите за основно и средно образование се првите два текста на кои ќе работи новиот собраниски состав..

Тие пред пратениците ќе се најдат на седницата која Претседателот Џафери ја закажа за утре претпладне. Ги предлага Владата и бара да се донесат по скратена постапка.

Измените предвидуваат можност Владата со одлука да реши кога ќе стартува и колку ќе трае учебната година, односно остава простор наместо 9 да може да се учи само 6 месеци.

Од пратеничката група на СДСМ велат дека очекуваат утре Собранието да даде зелено светло измените да се носат по скратена постапка, а потоа да поминат и на матичната комисија за повторно да се вратат на гласање пред пратениците.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе дебатираат но оваа тема но ќе дадат поддршка на измените бидејќи не сакаат да бидат кочница во образовниот процес.

Сепак од партијата бараат Владата да ја повлече одлуката за враќање на родителите на работа.

Согласно планот, учебната година треба да стартува на 1 октомври.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top