Законот за Јавно Обвинителство од вторник во собраниска процедура

Јавната расправа за законот за јавно обвинителство ќе се одржи во вторник а ќе биде организирана од комисијата за политички систем..

Покрај политичарите, поканети ќе бидат државниот обвинител Љубомир Јовески, домашни и странски експерти и меѓународни претставници. Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека време за чекање повеќе нема, за законот мора да се гласа најдоцна до 11 февруари, ден пред распишувањето на предвермените парламнетарни избори.

ВМРО – ДПМНЕ ќе учествува на јавната расправа но подршка ќе дадат само доколку има интерес за промени на членот 64 кој се однесува на изборот и разрешувањето на државниот обвинител како и  преодните и завршни одредби . Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вели дека тие ниту го прифаќаат ниту пак го отфрлаат предложеното законско решение.

По вчерашната неуспешна средба во Собранието на својот фб профил се огласи и министерката за правда Рената Тренеска Дескоска.,,Навистина жалам што преговарачката тројка на ВМРО ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство вчера избега од разговорите. Очигледно бегањето им стана партиска определба. Сепак ќе биде закажана јавна расправа за законот. Па ќе видиме дали и од неа ќе избегаат,, напиша Дескоска.  Иако законот не е услов за ЕУ сепак доколку се донесе ќе се испрати позитивен сигнал дека реформите во државата се спроведуваат.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top