Законот за јазиците и неговата имплементација во институциите

Законот за употреба на јазиците сега веќе донесен во Собранието, предвидува унапредување на јазиците на етничките заедници кои сочинуваат над 20 отсто од вкупниот број на населението во Македонија..

Донесениот Закон предвидува во институциите на централно ниво, како во Собрание, Влада, органи на судска власт и другите институции, како говорно така и писмено да се употребува и јазикот кој го говорат 20 отсто од граѓаните на Република Македонија.

Според Законот, на владините седници службен јазик покрај македонскиот ќе биде и јазикот кој го говорат најмалку 20 отсто од граѓаните на Македонија. И тука се предвидува во случај кога со седниците раководи некој нејзин член кој зборува јазик различен од македонскиот, тоа да може да го направи на јазикот кој го говорат најмалку 20 отсто од граѓаните на Македонија. Сите одлуки од владината седница, стенограмите и другите акти ќе бидат објавени на два јазик.

Употребата на албанскиот јазик ќе се унапредува и во судските институции, истражните, предистражните, извршните, управните постапки, нотарските акти, матичната книга, извод на родените, како и во останатите постапки. Што се однесува до патните документи, како пасошите и личните карти со промените се вели дека по нивно барање се издаваат на јазикот што го говорат најмалку 20 отсто од граѓаните на Македонија, како и на македонски јазик, но по барање. На два јазика се објавуваат и натписите на институциите на централно ниво и во општините каде најмалку 20 отсто од граѓаните на Македонија, зборуваат јазици различни од македонскиот. На двата јазика ќе бидат издадени и поштенски марки. Според членот 18 имињата на улиците, плоштадите, мостовите и останатите инфраструктурни објекти во општините каде најмалку 20 отсто од населението говорат на јазик различен од македонскиот и во Скопје, се пишуваат на македонски и на јазикот кој го говорат најмалку 20 отсто од населението. Албанскиот јазик ќе се употребува и на граничните премини и на аеродромите, но во тие региони каде најмалку 20 отсто од населението говорат јазик различен од македонскиот.

Спроведувањето во пракса на донесениот закон се очекува да се изврши од две институции, Агенцијата за спроведување на јазиците кои го говорат најмалку 20 отсто од граѓаните на Македонија, составен од овластени судски преведувачи, лингвисти, дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори. Тие ќе се раководат од директор на Агенцијата кој ќе биде именуван од владата преку јавен оглас. Освен Агенцијата, предвидено е и формирање на инспекторат за употреба на јазиците. Предвидено е една година по стапувањето во сила на Законот, сите институции да донесат подзаконски акти за спроведување на Законот. Исто така, се предвидува во рок од шест месеци од донесувањето на Законот, сите институции да мора да ги спроведат обврските од членот 7 од Законот. За неспроведување на Законот се предвидени казни од четири до пет илјади евра за институциите наведени во членот 1 точка 3 и членот 2 точка 3 од Законот и 30 отсто од оваа вредност за службените и одговорни лица во органите од точка 1 од овој член.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top