Законoт за јазиците “јаболко на раздорот” меѓу владините партнери

Потребно е усогласување на ставовите меѓу власта и опозицијата околу законот за употреба на јазиците кој никако не може да биде изгласан..

Се очекува ова прашање конечно да биде расчистено на нова средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Иако се уште нема најава за неа, од нејзиниот епилог се очекува консензус за надминување на блокадата и повлекување на амандманите. 

Заев ги отфрли гласините дека овој закон предизвикува криза во коалицијата иако вчера законот не беше донесен поради резервите на пратениците од СДСМ да гласаат без да се разгледаат амандманите. 

Спикерот Џафери рече дека парламентарното мнозинство било информирано за неговата идеја, да се гласа за законот без без да се разгледа ниту еден од амандманите, но дека под притисок на ВМРО-ДПМНЕ, дошло до промената на ставот на СДСМ и до обвивање на ваков начин да се изгласа законскиот предлог.

„Во СДСМ имаа резерви. Иако не ги кажаа јавно, јас како претседател на Собранието констатирав дека ќе има проблем со гласањето. Опозицијата го услови СДСМ, дека ако се донесе Законот за јазиците во форма како што јас предложив, тогаш тие ќе се повлекле од преговорите и целосно ќе ги бојкотирале реформските проекти на Владата“, изјави Талат Џафери, Претседател на Собранието.

Џафери објасни дека разговарал со премиерот Зоран Заев. Тој побарал повеќе време од Собранието.

“Јас сум убеден дека каква и да е нивната реакција, таа нема да биде надвор од процедурите, бидејќи опозицијата постојано е незадоволна од одлуките кои се носат. Јас не очекувам опозицијата да ми аплаудира за таа работа. Знам дека тие знаат до каде може и што може да направат против мене како претседател на Собранието”, вели Џафери

Од СДСМ велат дека процесот на реформи не треба да се соочи со блокади и дека за сите прашања кои го засегаат општеството потребна е дебата и консензус. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла обвинувањата дека му се заканиле на парламентарното мнозинство.

Законот за употреба на јазиците, беше изгласан на 11 јануари а на 17 јануари, претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша указот со тврдење дека решението е спротивно на Уставот и го нарушува унитарниот карактер на државата. Законот за јазиците беше еден од предусловите на партиите на Албанците за формирање на владата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top