Жална вест - Почина Никола Бумбароски

Македонската заедница загуби уште една добра личност.

Семејството на Никола Бумбароски, со голема жалост и тага, на 5/8/2017 се збогува од него и го испрати во вечното почивалиште.

Никола Бумбароски ненадејно почина на 56-годишна возраст.

Роден е на 05.12.1960 година во селото Големо Коњари, Прилепско - Република Македонија и долги години живееше во Мелбурн.

Никола беше грижлив сопруг, татко и посветен дедо.

Првокласен камионџија, кој ги сакаше патиштата и македонската песна.

Голем љубител на спортот и еден од најстрасните навивачи на Престон Македонија.

Вистински човек, полн со страст, кој сакаше добро друштво, знаеше како да ужива и не се грижеше што мислат другите!

Секогаш мислеше на оние за кои се грижеше и никогаш не се откажуваше од ништо дури и во најтешките моменти. 

Оние кои имаа среќа да го запознаат, знаат дека тој многу ја сакаше Македонија и беше еден од најголемите патриоти што ги имаше нашата заедница во Мелбурн, Австралија.

Секогаш беше човек од збор и сакаше да се врати во Големо Коњари, каде што беше роден, и за жал, таму и почина.

Нека почива во мир, и нека му е благословена душата. 

На неговото семејство му посакуваме добро здравје и среќа. 

Семејство Бумбароски

Во прилог пораката од семејството и на Англиски јазик:

It is with sad regrets, we farewell Nikola Bumbaroski, who past away on the 5/8/2017 age 56.

Born 05/12/1960 in selo Golemo Konjari, Nikola was a caring husband, loving father and devoted grandfather.

A first-class truck driver and operator, who loved the hi-way with a B&H Classic and a makedonska pesna.

A true man's man, full of passion, who loved good company, a good time, knew how to enjoy himself and did not care what others think!

He was always thinking of those he cared about and never gave up on any situation thrown at him.

Those lucky enough to have met him would know, he loved Makedonija and was one of the biggest patriots our community had.

A man of his word, he wished to return to Golemo Konjari his place of birth and this was fulfilled.

May he rest in peace, god bless his soul, we wish upon every family good health and happiness.

Bumbaroski Family


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top