ЖАЛНА ВЕСТ - Почина Трајан Кочишки - Куљата во Мелбурн

Трајан Кочишки - Куљата е човекот кој народот го знае како добар човек пред се и ја изгуби битката со болеста по кратко боледување во Остен Болницата во Мелбурн.

Трајан Кочишки Куљата е роден во 1954 година во Црнобуки - Битолско село кое се наоѓа неколку километри до Битола на патот меѓу Демирхисар и Битола.

Трајан почина во Болницата Остен во Хејделберг - Мелбурн во четвртокот на 26 јули 2018 година по кратко боледување.

Трајан со неговата сопруга заминаа од Македонија  на 25 мај неколку недели пред неговата смрт упатуваќи се за Мелбурн за да бидат со своите внучиња кај синот Љупчо Кочишки и да го дочекаат раѓањето на новата внука.

Тој успеа да и се израдува на новата среќа и да ја види внуката што се роди, но за жал немаше среќа да поживее уште малку и да ужива со најблиските во овие наjрадосни моменти. 

Роднините и пријателите во Мелбурн имаа чест да се збогуваат со него во последните денови кога беше жив, а роднините пријателите и неговиот син во Македонија Тодорче се збогуваа со него телефонски.

Мора да спомнеме дека Трајан беше домаќин човек кој си го сакаше семејството, нацијата и спортот и секогаш ќе биде запаметен како позитивен човек. Трајан ќе остане запаметен како почитувана личност со многу другари и пријатели и како комесар за безбедност на ФК Црно Буки ЗЛ.

Се информираат сите роднини и пријатели од Мелбурн Австралија кои сакат да му искажат последна почит и поздрав на нивниот сакан сопруг,татко и дедо Трајан Кочишки Куљата дека ќе можат да го видат во Погребниот дом во Ерн Џенсен  (Ern Jensen Funerals) среда на вечер, на 1 август, во 5.30 часот, на следнава адреса: 6 Bruce St, Preston VIC 3072

Посмртните останки ќе бидат пренесени во Македонија каде најблиските за последен пат ќе се збогуваат со него и каде што ќе биде погребан.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top