ЖАЛНА ВЕСТ: Почина Димитри (Димче) Крлески

Македонската заедница изгуби уште еден голем човек.

Во очи на празникот Богојавление на 18 Јануари во попладневните часови изненадно почина Димитри Крлески роден на 15 Октомври 1959 година во село Велгошти Охридско од татко Ставре и мајка Љубинка Крлески, основно образование завршил во родното Велгошти а средно машинобраварско завршил во ЕМУЦ Охрид, 1984 година со своето семејство се доселил во Перт Западна Австралија поле неколку години печалба се врака во родната Македонија, во деведесеттите години повторно доага во Австралија поточно во Мелбурн и после кратко време своето семејство го носи во Перт Западна Австралија татко е на две деца Александар и Ристе Крлески.

Со самото доагање активно се вклучува во работењето на македонската заедница во З.А. беше неуморен активист во редовите на ВМРО ДПМНЕ од Перт и неколку години беше главен и одговорен уредник на радио часот гласот на татковината во покровителство на ЗК комитет на ВМРО ДПМНЕ ОД Перт на радио станицата 17.9 мега херци, од осамостојувањето на МПЦО Свети Никола работеше неуморно во управниот одбор на Црквата, и повеке од 12 години беше одговорен уредник на радио часот духовна светлина во покровителство на МПЦО Свети Никола со адреса на 69 ангов стрит во Северниот дел на Перт, од самиот почеток со работа на МАК ФМ радиото беше неуморен водител во предпладневната неделна емисија неделен утрински радио програм.

Зад себе ги остави ожалостени сопругата Снежана синовите Александар и Ристе Крлески таткото Ставре и мајката Љубинка Крлески од Велгошти Охридско, братот Влатко со фамилиата и бабата Драгица со фамилиата.

Во тек е организација за испраќање на посмртните останки од Димитри во неговото родно Велгошти, Охридско. Почивај во мир, Димитри.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top