ЖАЛНА ВЕСТ: Во Сиднеј почина Борис Деспотовски

Во Сиднеј почина Борис Деспотовски, естраден уметник кој целиот свој живот го посвети на Македонската музика..

Естрадниот уметник Борис Деспотовски почина во Вторник на 11 Август во 5:15 часот во утринските часови во Сиднеј.

Роден е на 25-ти Февруари 1952 година во Долно Српци, Битолско, Република Македонија.

Од Австрија допатувал во Австралија во март 1972 година, и одтогаш живееше во Рокдејл, Сиднеј.

Македонците во Австралија и во Македонија го познаваа како добар и чесен човек кој животот го посвети на фамилијата и естрадата.

Борис Деспотовски има настапувано на голем број на фестивали, меѓу кои и познатиот Македонски фестивал, Фолк Фест Валандово.

Како естраден уметник беше присутен на многу Македонски настани како што се Илинден, 8-ми Септември, Велигден, Божик и многу други празници, со свои песни.

Во својот брак со својата сопруга имаа еден син.

Погребот ќе се одржи во вторник, опелото ќе се изврши во Македонската Православна Црква „Св. Петка“ во Рокдејл - 65 Railway St, Rockdale, NSW, 2216 во 10 часот наутро, а после тоа погребот ќе се одржи на гробишатата во Ботани „Botany Cemetery“ во 12 часот на пладне.

Погледнете ги некои од песните на Борис Деспотовски: Вечна му слава!








Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top