Заменик министерката за финансии нема да потпише заем од Светска банка без да знае каде ќе се трошат парите

Кочоска вели, документот ќе го потпише откако ќе ѝ бидат доставени сите потребни податоци..

Заменик министерката за финансии, Гордана Димитиеска Кочоска, нема да го потпише документот за заем од Светска банка во износ од 90 милиони долари бидејќи не знае за што ќе се трошат парите.

Како што вели таа, во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, во документот нема наведено јасни податоци преку кои би можело да се контролира употребата на средствата.

„За да се контролира нешто потребни се влезни податоци и да се контролираат. Што ќе контролираме во ситуацијава?“, вели Димитриеска Кочоска.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top