Заменик-премиерот Валериј Симеонов поднесе оставка

Заменикот на бугарскиот премиер Валериј Симеонов поднесе оставка по демонстрациите поради неговата изјава за активисти за правата на лицата со посебни потреби..

„Поднесувам оставка поради континуираната медиумска кампања против мене,“ рече Симеонов.

„Оваа кампања му штети на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за нејзината нормална работа. Тоа е нешто што не можам да го дозволам. Не се работи за мене, не се работи за партијата која ја водам, туку за владата за која мислам дека е многу успешна“, рече Симеонов доцна во петокот на конференција во владината зграда, објави Ројтерс.

Симеонов, задолжен за економска и демографска политика, и кој е еден од лидерите на Обединетите патриоти, активистите ги нарекол „пискави жени“ и сугерирал дека шпекулираат со своите болни деца.

Борисов ја прифатил неговата оставка, соопшти прес-службата на Владата.

Бугарската агенција БТА пренесе дека Симеонов рекол дека одлуката за оставката е негова и дека премиерот Борисов не го „притискал“ да ја поднесе.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top