Заменикот на Џонсон: Премиерот ќе се спаси, тој е борец!

Британскиот премиер Борис Џонсон е во стабилна состојба и нема пневмонија, изјави неговиот заменик и министер за надворешни работи, Доминик Рааб..

„Убеден сум дека ќе се извлече затоа што ако знам нешто за премиерот - тој е борец“, рече Рааб.

Тој додаде дека Џонсон прима стандардна терапија со кислород и дише сам. Немаше потреба од респиратор, истакна тој.

Џонсон во неделата беше примена во болницата „Сент Томас“ и вчера биле пренесен на одделението за интензивна нега бидејќи неговата состојба се влошила.

Британскиот премиер е болен од ковид-19, болест предизвикан од коронавирус. Тој на 27 март најави дека бил заразен. Од тогаш до неделата тој ја водел владата од самоизолација на Даунинг стрит, а со влошувањето на состојбата му ја препушти на Рааб.

„Сите го сметавме за шокантно. Тој не е само наш премиер, шеф, туку колега и пријател“, рече Рааб.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top