Започнува расплетот во Јунајтед: Зидан го известил Мурињо што му се подготвува

Над Мурињо е огромен притисок поради отказ. Тој сам нема да си замине, па дури и да загуби од Валенсија во Лигата на шампионите..

Нема така лесно да се откаже од 15 милиони евра годишна плата, а ни Јунајтед нема да му биде лесно да му исплати огромно обештетување. Но, дека му се подготвува отказ сега е многу јасно, односно бараат нов тренер.

Според англиските медиуми, Зинедин Зидан му се јавил на Мурињо и го известил дека „Ѓаволите“ ги контактирале неговите менаџери и се распрашувале за можноста Зидан да ја преземе клупата на Јунајтед.

Французинот не сакал ништо да крие од Мурињо, ниту да му работи зад грб. Тие двајца се одлични пријатели, а Зидан ја започна тренерската кариера како помошник на Португалецот во Реал.

Тоа само го увери Мурињо што му се подготвува, очигледно е дека Јунајтед веднаш би го сменил ако Зидан прифати да биде нов тренер, но тоа засега е неизвесно. Самиот Французин има сомнежи во тимот, не би сакал да прифаќа работа среде сезона, а се погласни се најавите дека би можел да преземе некоја директорска позиција во Јувентус што би било најава за летото кога би го заменил Алегри на клупата.

Кога станува збор за Мурињо, во Јунајтед сметаат дека негова работа е да ги решава проблемите, не да ги зголемува и вжештува. Клубот застана на негова страна во случајот со Погба, но тука се Марсијал, Рашфорд, сега и Санчез, едноставно преголем број незадоволни играчи.

Мечот против Валенсија би можел да му биде последен на клупата, а сепак е прашање ако Зидан ја одбие понудата кој би можел да го наследи Португалецот, сите останати решенија кои се споменуваат како Лорен Блан и уште неколку слободни тренери делуваат како изудени.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top