Засега МВР без конкретни детали за напади од ИСИС-граѓаните прашуваат што е позадината?

После предупредувањата во петокот е спроведена полициска акција за спречување најавени напади од ИСИС во повеќе градови..

Врз основа на проверени и доверливи, претходно разменети оперативни сознанија со „партнерските земји“ , во врска со опасности на спроведување потенцијални планови и намери за извршување терористички напади на територијата на Република Северна Македонија од припадници на радикални структури и нивни „логистичари“ од исламската ИД , полициските единици на МВР спровеле во петокот вечерта оперативно тактичка операција и рација на чистење на можни организатори и подготвени „бомбаши“.

Во спомнатата акија, како што беше пренесено од неколку медиуми се уапсени околу 20 припадници на Исламска држава. Без конкретни детали од МВР се прецизира дека акцијата е спроведена во неколку градови во земјава и дека е „запленета голема количина на оружје“.

Во соопштението од МВР се наведува дека „со цел спречување на терористички напад и остварување на превентивни функции МВР изработил план на мерки и активности, обезбедувајќи адекватни налози за нивно спроведување. По примени налози на повеќе локации на територијата на земјата се извршени пребарувања, одземање на предмети и уреди поврзани со можниот напад. МВР продолжува со спроведување на акцијата, стоеше во соопштението.

-Терористички организации и поединци, инспирирани ос екстремистичка идеологија, планираат да напаѓаат цивили, вклучувајќи и државјани на САД кои патуваат во странство. Терористите се повеќе користат несофистицирани методи за да нападнат луѓе на јавни места, вклучувајќи пиштоли, возила и остри предмети-стои во предупредувањето на сајтот на американската амбасада во Скопје.

Сите повратници од воените жаришта во Сирија, како што оценуваат безбедносни извори во Скопје, се голема закана во земјата и укажуваат дека „превоспитувањето“ на уапсените и осудени следбеници на Исламска држава, се речиси без никаков ефект.Тие и понатаму се „темпирани бомби“ а нивната ресоцијализација е скоро -невозможна.

За дел од медиумите пак, безбедносните експерти се со поделени мислења. Дел од нив велат дека пуштање на вакви информации без јасни детали предизвикува шпекулации во јавноста и паника кај населението, додека за други МВР постапило согласно предвидените практики за тајност на полициските акции.

Оваа вест во јавноста беше примена со страв но и негодување, додека многумина пак си го поставија прашањето дали можеби зад овие предушредувања се крие нешто друго.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top