Засега ништо од нападот на САД врз Сирија: Ќе продолжи проценката на теренот!

Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот тим за национална безбедност, по повод ситуацијата во Сирија завршен е без конечна одлука за евентуалаен воен удар.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс рекла дека Трамп попладнево одржал состанок со својот тим за Сирија. Како што додала: Конечна одлука не е донесена, пренесува АП.

-Продолжуваме да ги проценуваме продатоците и ангажирани сме во разговорите со нашите партнери и сојузници – рекла Сандерс.

Трамп, како што додала, подоцна ќе разговара со францускиот претседател Макрон и британската премиерка Тереза Меј.

Претходно Трамп се огласи преку Твитер, обидувајќи се да објасни дека никогаш не рекол кога точно ќе ја нападне Сирија.

-Никогаш не реков дека ќе ја нападнам Сирија. Може да биде наскоро или не. Во секој случај САД под моја админстрација, направи одлична работа во протерување на Исламскатаа држава од регинот. Каде е нашето: Благодарам Америко!



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top