Заслужува ли мојот ченгил некој, и во име мое, своите претходници да ги брка на клоци од канцеларија!?

Веле Митаноски.

Сите мои досегашни колумни од серијата: “Иреални сказни од реалниот живот”, ги напишав самиот.Оваа, ја испишаа моите сограѓани,јавајќи на бранот на малограѓанштината, отсуството на чувство за емпатија, односно, да ни беше жив великиот Прличе, ќе не покараше: “Чумотие разумот кога сфекое харно го борајш за лошо, а лошото за харно!”.

Или, ќе не посоветуваше: Излезете во Европа, од таму да видите “кој сте и шчо сте”!

На оваа сказна првите редови и беа напишани, онаму каде што најмалку би требало – во реномираната, една од најстарите институции во Охрид и земјата – “Завод и Музеј”!

Медиумите јавија дека бранот на кадровски промени, по смената на власта, ја заплиснал и од директорската фотеља, ја изместил и долгогодишната директорка и наследничка на „легендарниот“ Паско Кузман, во НУ “Завод и музеј”, во Охрид, Тања Паскали Бунташеска.

Од оваа престижна установа, таа е разрешена, со решение на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Ништо чудно и ништо невообичааено! Дури и самиот на новите власти им порачав: Доцните, повеќе нема да ви ги броиме разрешувањата, туку поставувањата!

За в.д. директор, од внатрешно вработените, е назначена Елеонора Новакоска.

Ништо невообичаено, освен што новата директорка, по смената, постапила како ослободителка на Охрид – во 1945!? Велат, била архитект, како и сменетата. Пеќи, треба да и се даде шанса . Арно, ама ваква смена во Охрид, односно вакво однесување во градот на Прличета кој проповедаше “совршенство, или смрт” – во најмала рака е недозволива.

На новата директорка ќе и оставиме време да се покаже и докаже (што би рекол БЦ!), ама црвот на сомнеж работи од почетокот! Може ли некој да биде успешен професионалец, раководител, ако, најнапред, не е човек!?

“Херојство е кога од другите се браниш себе си, а чојство (човечност) е кога другите ги браниш од себе си”, би рекол еден друг умен како нашиот Прличе – Марко Миљанов.

Заслуживме ли ние, што секој на свој начин се вградивме во промените, да бидеме претставени на ваков начин!?Се боревме за вистински промени, реформи, комплетни личности, или, пак, за исфрустрирани и осветољубиви!?

И како ќе одиме во промени, со омраза!? Омразата не води никаде, освен во слепа улица, во ќор сокак, во провалија!

Ниту се сожалувам, ниту нешто барам, ниту нешто ми треба. Мегутоа, јавноста знае, дека за моите писанија, бев пресретнат од најдолниот џган – рекетари и насилници: “Сите ќе ги бесиме со јаже, тебе – посебно на ченгил”!?

Свиткав лист харија (истиот ден – 6 март 2017), случајот го пријавив во полиција, го информирав моето еснавско здружение – ЗНМ и толку. Знаете ли што добив МВР, преку командирот на ПС во Охрид?

Писмо од 6 реда ( 7 дена подоцна – 14.3.217), во кое ме информираат дека со заканувачот-насилник, цитирам, “е извршен разговор и истото е предупредено и ПОУЧЕНО мегусебните недоразбирања да се решаваат по мирен пат и преку надлежните институции на системот! (завршен цитат)!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Толку, аферим! На насилникот “џандарите”, уште му го дале моето писание да го преслика со мобителот и да се мајтапи по Охрид – и пошироко!

Заслужува ли мојот ченгил, некој, и во име мое, своите претходници да ги брка на клоци од канцеларијата!?

Со: “Марш надвор!” и со два прсти – како оние на Ставрета-кумот, на “Црниот понеделник” во Собранието!?

Со иронија: “Дојдоа легендарниот Паско Кузман и неговата наследничка госпоѓа Тања Паскали Бунташеска!”.

Со наредба: “Ти да молчиш, зашто сега овде друг зборува”!?

А, “госпоѓа Тања Паскали Бунташеска!”, се понела – баш како вистинска госпоѓа: Кога дошло решението за смена, дури и честитала и поскала успех, те дури ја прегрнала и ja бакнала својата наследничка!

Гревот, пак, бил во што “при примопредвањето на функцијата не и го предала и Паско Кузман!”.

Ете на ова, деновиве се сити прличевата челад!На солзите на набрканата!

Колку да си ја утешам душичката, прoбркав по интернет енциклопедиите, да видам што стои – како заслуга, како бекграунд, како фундамент зад новата директорка.

Насекаде пишуваше: “Почнете создавање на ( + името)!!!???Значи, едно големо – ништо!?

За набрканата на клоци – речиси илјада одредници!Уште и добитничка на “Свети Климентова”награда, те на “Светиклиментов орден од трет ред” на МПЦ.

За нејзиноот татко, Тодор Паскали, долгогодишен директор на истата институција, еден од симболите – препознатливи координати на Завод и Музеј, исто така, море одредници: Проектант на црквата  “Свети Архангел и Михаил” во Охрид, на црквичката во градски гробишта во Охрид, на дузина други цркви по охридските и македонските села, се до црквата “Свети Архангел Михаил” , во Пустец, Албанија.

Ами, “Свети Пантелејмон” на Имарет!?

Ами, “Октомвриската државна награда за животно дело”!?

Си реков да видам, ајде, што има и со новото, немоминско, со маженото презиме на Паскали-Бунташеска.

Свекорот (Бог даму душа прости) Бранко Бунташески, професор и декан на Факултетот за угостителство и туризам во Охрид, ректор и проректор на Универзитетото “Св.Климент охридски”, во Битола, републички пратеник, долгогодишен претседател на СКМ – СКЈ, тоест на наследникот(СДСМ) во Охрид!

Свекрвата ,Елеонора Бунташеска – угледен професор!

Сопругот – член, золвата – член на СДСМ!

Добро упатените, уште споменуваат и некаква мегусемејна кумовска врска!?

Завршен коментар: Немам, го оставам на читателите и на оние што ги поставуваат новите кадри. Секако и на охридската малограѓанштина која деновиве се сити на нечии “ничим” заслужени солзи!!!



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top