Застреланиот фудбалер Мартин Јанушев починал

40-минутните обиди на лекарите од „Св. Наум Охридски“ за реанимација на жртвата завршиле без успех, по што е констатирана смрт..

Застреланиот фудбалер Мартин Јанушев починал, објави на Твитер Министерството за здравство.

Застреланиот бил донесен на клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ без знаци на живот, а 40-минутните обиди за реанимација завршиле без успех, по што е констатирана смрт. 

Фудбалерот беше тешко повредено во оружен инцидент на улицата Владимир Комаров пред „Ред кафе“, во скопската општина Аеродром. МИА од очевидци дозна дека тој бил погоден со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот.

Напаѓачот е во бегство. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top