Затворени и евакуирани двата терминала на парискиот аеродром „Орли“

Истовремено е прекинат целиот воздушен сообраќај, соопшти дирекцијата за цивилен авиосообраќај..

Двата терминала на парискиот аеродром „Орли“ се затворени и евакуирани по инцидентот со воената патрола, јави дописникот на МИА од Париз.

Истовремено е прекинат целиот воздушен сообраќај, соопшти дирекцијата за цивилен авиосообраќај. Пристапот кон аеродромот е затворен за сообраќај, а од терминалот „Југ“ се евакуирани околу 3.000 лица.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека едно лице е застрелано од безбедносните сили откако претходно се обидело да му го одземе оружјето на припадник на воена патрола.

Француската Влада побара преку социјалните мрежи одговорно однесување на нивните корисници и да не шират лажни информации. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top