Жбогар: Ако го одбиете Договорот со Грција, патот ќе запре тука

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за Независен весник вели дека Македонија мора да биде свесна дека доколку го одбие догворот со Грција за името, тогаш ќе треба да ги врати поканите од НАТО и ЕУ..

-Признавам, пред сè, дека ова е многу тешка одлука. Не е лесно, таа е  емоционална и знам од претходно што значи таа и низ што поминаа граѓаните. Но, договорот е тука и секако, за нас како меѓународна заедница,  важно е да бидеме внимателни што ќе кажеме бидејќи оваа одлука треба да биде донесена овде, од  политичарите и од граѓаните. Ние можеме само да набљудуваме и да охрабриме за вистински одлуки, но тие треба да бидат донесени тука. Во исто време, свесен сум дека има извесни сили, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, кои не го почитуваат договорот толку многу, но и други со силни ставови за поддршка на НАТО и ЕУ-интеграцијата. Не е лесна одлуката ниту за едните, ниту за другите, ниту за партиите, ниту за луѓето. Секој, едноставно кажано, има две опции како да гледа на ситуацијата. Можете да бидете против договорот, да мислите дека е лош и дека не треба да биде прифатен, но во тој случај имате две обврски. Првата е  да презентирате алтернатива на него, реалистична, подобра опција и договор кој има шанси да го прифати другата страна.  Ако одбивате нешто, треба да кажете што е решението, поради сериозноста на одлуката. И втората обврска е да прифатите дека во случај да го одбиете договорот, ќе треба да ги  вратите НАТО и ЕУ-поканата. Патот ќе запре тука. Треба да се размисли за овие две опции, вели Жбогар.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top