Жбогар: За сега ниту една земја од Западен Балкан не е подготвена да влезе во ЕУ

Стратегијата поставува временска рамка до 2025 за земјите кои се во фаза на преговори, но и останатите земји можат да фатат чекор и да ги претекнат овие водечки кандидати, истакна амбасадорот на Европската Унија.

-Стратегијата вели дека ЕУ треба да стане посилна пред да стане поголема. Стратегијата за Западен Балкан е една загатка во големиот процес на трансформации кој треба да се случи. Од страна на Западниот Балкан јасно беше кажано дека во моментов ниту една држава не е подготвена да велзе во ЕУ. Во однос на состојбите во регионот нема да постои можноста да се дојде до задоволително ниво за било која од овие земји во блиска иднина да стане членка. Мора нешто драматично да се случи во реформите кои се реализираат или во преговорите – порача Жбогар.

Стратегијата, рече тој, испраќа апел до лидерите од регионот да преземат акции за да овозможат временската рамка да се случи.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top