Здрави намирници за дијабетичари

Доколку боледувате од дијабетес, клучно е да обрнете внимание на она што би требало да го јадете и на тоа што треба да го избегнувате..

Бројни експерти за дијабетес и нутриционисти издвојуваат четири здрави хранливи материи (влакна, омега 3 масни киселини, калциум и витамин Д, кои се важни во исхраната на дијабетичарите. Нив најмногу ги има во следните намирници…

Грав

Тој е богат со влакна кои помагаат да се чувствувате сито, го стабилизираат шеќерот во крвта и го намалуваат холестеролот. Добар извор на калциум, минерал кој помага во согорувањето на мастите.

Млечни производи

Нема да најдете подобар извор на калциум и витамин Д кој значително ги намалува изгледите за равој на дијабетес од млекото, сирењето и јогртот.

Лосос

Лососот е богат извор на витамин Д и омега 3 масни киселини, здрави масти кои го намалуваат ризикот од срцеви болести, воспаление и го подобруваат отпорот на инсулин.

Јачмен

Оваа житарка е богата со одреден вид на растворливи влакна бета-глукан кои можат да го намалат вкупниот и лошиот ЛДЛ холестерол.

Бобичесто овошје

Богато е со влакна и антиоксиданти кои се нарекуваат полифеноли, а кои се добри за срцето. Тоа придонесува за пад на крвниот притисок и раст на добриот ХДЛ холестерол.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top