Здравко Чолиќ за Фаланга - За концертите во Австралија подготвуваме разновидна програма со многу забава

Ексклузивно интервју на Здравко Чолиќ за Фаланга.

Познатата Балканска ѕвезда Здравко Чолиќ воедно и освојувач на женски срца со својата музика наскоро доаѓа на турнеја во Австралија и Нов Зеланд. Таму каде што е Здравко Чолиќ таму е и забавата, таму се емоциите а понекогаш и по некоја солза затоа што клако што и самиот тој вели неговите хитови евоцираат спомени. Фаланга исконтактира со Чолиќ и направивме едно кратко интервју за неговата турнеја.

1. Која ви е оваа по ред турнеја во Австралија?

Во последните две децении имав убави турнеи, а претстојната ќе ми биде пета посета на Австралија и прва во Нов Зеланд.

2. Колку концерти планирате да одржите за време на оваа ваша турнеја?

Жал ми е што не можам да реализирам повеќе концерти, но поради обврските и времето за сега ке направиме пет концерти, 11-ти Мај во Окленд, 13-ти Мај во Мелбурн, 19-ти Мај во Сиднеј и 20-ти Мај во Брисбан.

3. Факт е дека сте еден од најомилените пеачи на просторот на цела поранешна Југославија, и покрај големиот број млади ѕвезди кои се појавуваат во континуитет вие и вашата кариера останувате на врвот, на што се должи тајната сите генерации да ве сакаат сеуште?

Публиката препознава искреност, препознава посветеност на работата и емоција. Важно е да се работи професионално. На моите концерти доаѓа публикиа од различни генерации. Самата музика ја определува публиката и секако пеесните кои не соединуваат, најчесто се влегува во добра продукција и се бираат најдобрите студија во кои ќе се работат и секако тѕоа потоа си ги дава своите резултати. Публиката секогаш ја цени професионалноста и осеќа кога на секој концерт ќе му пристапите со одговорност и желба за да им се оддолжите за вниманието и довербата. Кога песните кои луѓето ги сакаат ќе се спојат со доброто однесување, тогаш имате можност кариерата да ви трае долго.

4. Колку албуми имате издадено во вашата долгогодишна кариера?

Имаше многу компилации и многу сингли кои се објавени, снимив преку 250 песни. До сега имам 14 солистички албуми, а сега со припрема е и 15-тиот албум кој што планираме да го објавиме до крајот на годината


5. Знаеме дека сите ваши концерти во Република Македонија поминуваат одлично, а и овде во Австралија голем број Македонци ве очекуваат со нетрпение, подготвувате ли некое изненадување за нив?

За мене е задовлство да бидам во Македонија каде што често пеам и каде што се чувствувам навистина прекрасно. Скоро секоја година имаме имаме по некој концерт и оваа година исто така планираме да имаме концерт во Македонија. Го сакам македонскиот темперамент, македонската музика, а дружењето со македонската публика трае некако од почетокот на мојата кариера и навистина е голема таа љубов меѓу нас. На моите концерти во Австралија ќе има и некои македонски песни кои македонската публика сака да ги слуша и ќе ги вклопиме во програмата.

6. Од вашите хитови имате ли некој кој остава посебен белег на вас и кој на посебен начин го сакате?

Од секој албум имам по некоја песна која се одвојува, ги има доста и затоа сега не би издвојувал некоја посебно. Секогаш сум многу приврзан за песните со кои ја започнав мојата кариера како што се песните на Кемал Монтено „Синоч ниси била ту“ и „Гори Ватра“... Драги ми се баладите кои траат долго но не би можел да издвојам некоја посебна од сите нив.

7. Имате ли некоја омилемна Македонска песна и дали некогаш сте запеале македонска песна?

Знам многу македонски песни, ги има многу. Често сум по некои убави македонски кафеани и тогаш сакам и приватно да запеам кога сум со друштво и во пријатна атмосвера. Македонската музика е толку богата што е навистина тешко да се издвои само една песна. На последниот албум соработував со познатиот музичар Влатко Стефановски и тоа на две песни „Зар се нисмо схватили“ и на насловната песна на албумот „Ватра и Барут“. Соработката со Влатко најверојатно ќе продолжи и можеби и со некои македонски автори за албумот кој што го подготвувам.

8. Публикате во Австралија со нетрпение ве очекува, што треба да очекуваат од вашите концерти?

Спремаме една разновидна програма, ќе поминеме со песните низ времето, ќе пееме познати песни од мојот реперотар, ќе има побрз ритам но и балади. Верувам дека многу луѓе ќе се пронајдат во песните и ќе ги евоцираат спомените.

9. За крај имате ли некоја порака да упатите до вашите обожаватели овде во Мелбурн кои со нетрпение ве очекуваат?

Навистина се радувам на оваа турнеја. Пред се се радувам на средбите со публиката на концертите, тоа ќе биде една прекрасна емотивна приказна во добро расположение. На моите концерти се добредојдени сите оние кои ги сакаат моите песни од просторите на Поранешна Југославија па и пошироко. Имам многу пријатели од Босна кои се во Австралија и секако ќе имам време и за средби и дружење и со пријателите и со публиката.

Порталот Фаланга на Здравко Чолиќ му се заблагодарува за соработката и му посакува успешни концерти со многу публика и секако добра забава, а воедно и пријатен престој во прекрасната Австралија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top