Зекири за Ахмети: Јазикот оди каде што забот боли!

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, вели дека нема дополнително да го коментира лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во интервју за ТВ21 рече дека Зекири пред 7-8 години барал од него да биде пратеник на ДУИ..

-Јазикот оди каде што забот боли! Ова е кусиот коментар на Зекири за „Фокус“, кој што вели дека со ова се е кажано и дека тој досега се што имал за ДУИ и за лидерот на партијата кажал јавно.

Зекири недоамна изјави „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“. На ваквата забелешка пак Ахмети се закани дека ниту една власт не може да опстои без ДУИ, посочувајќи дека за 15 месеци ВМРО-ДПМНЕ го спуштиле на колена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top