Зеќири: Чулев намерно не казнуваше, за да може Мицкоски да бега од избори

Ако се укине вонредната состојба, треба да го почитуваме Законот и Уставот, односно да почнат да течат 22 дена до избори, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири..

-СДСМ нема отстапено од своите позиции, но сакаме да постигнеме договор и да се подготвиме за избори. СДСМ сака брзи избори со учество на опозицијата и на сите други политички чинители и да ги поразиме – рече тој.

Според него, МВР на чело со министерот Наке Чулев свесно прекина да казнува луѓето што ги прекршуваат мерките во борбата со корона вирусот.

-Чулев свесно играше да се дозволи да нема казнување, да нема почитување на мерките и да има заразени за да ВМРО-ДПМНЕ бега од избори – нагласи Зеќири.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top