Жена заразила 71 лице со коронавирус за 60 секунди

И покрај строгото почитување на правилата, таа го проширила смртоносниот вирус и ги заразила соседите. Ова се случило додека се возела со лифтот од зградата каде што била сама..

Официјални лица во Центарот за контрола и превенција на болести на САД опишаа необичен случај на ковид- 19, објави „Дејли Стар“.

На почетокот на април една жена заразена од коронавирусот пристигнала во Кина од САД и поминала две недели во самоизолација во нејзиниот стан, немајќи никаков контакт со надворешниот свет. Таа немала никакви симптоми на болеста, но по направениот тест кај неа се пронајдени антитела.

И покрај строгото почитување на правилата, таа го проширила смртоносниот вирус и ги заразила соседите. Ова се случило додека се возела со лифтот од зградата каде што била сама.

Најверојатно, заразените го допирале носот и устата по допирањето на копчињата во лифтот, коментираат експертите. Тие потенцираат дека асимптоматските пациенти сè уште претставуваат најголема опасност за другите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top